За нас

Дени Интернационал, како реномирана фирма во делот на транспортот и логистиката се одлучи своето работење да го прошири со уште една дејност и тоа во делот на градежништвото и урбаното домување.

 

ДДС Билдинг е брендот кој ќе биде препознатлив во својата професионалност и квалитет на изградба за сите наши објекти во иднина.

 

Со голема верба и желба за работа веруваме дека нашиот нов проект ќе биде една успешна приказна и одлична реализација. Искуството стекнато со работа во другите сектори од нашиот бизнис ни го дадоа потребното знаење и искуство за она што е неопходно за еден комфорен, пријатен и квалитетен дом.

Нашата

Мисија

Секој клиент да биде привилегиран да живее во висококвалитетна градба. Да овозможиме модерен и уникатен дом за секој оној кој е решен да го исполни својот сон.

Желбата да направиме нешто кое ќе биде препознатливо за нашата населба, и да придонесеме за доброто на целата заедница, беше мотив за започнување со изградба на овој станбено деловен објект, како дел од целосен станбен комплекс кој ќе прерасне во иднина.

 

Транспарентноста во комуникацијата со нашите клиенти ќе биде приоритет со кој ќе се гордееме. Квалитетот на градбите и топлината на становите ќе бидат препознаени од нашите ценети купувачи. Посветеноста кон квалитетната изградба, за пријатен и топол дом за секој од нас ќе биде најголемиот фокус.

 

Ценејќи ги купувачите и нивната желба и сон за подобар и поквалитетен дом успеавме да направиме проект за градење на нови животни приказни. Понастрана од градскиот метеж, а сепак блиску до градскиот и урбан живот, објектот ќе преставува мирна и спокојна оаза, сместена во урбана средина.

Нашата

Визија

Да изградиме висококвалитетни домови, користејќи ексклузивни материјали, и обезбедувајќи фер услови за нашите купувачи. Урбаното домување, и урбаниот начин на живот да биде препознатливо и за овој мирен и спокоен дел од нашиот убав град.

Веруваме дека со овој објект ќе дадеме една нова свежина на нашата населба, онаа во која ние израснавме и пораснавме. Сакаме ова место, како што некогаш беше, така и да биде – белег на нашата населба, исполнето со многу убави и пред се маалски животни приказни.

 

Добредојде Дома,

Ви посакува тимот на
ДДС Билдинг и Дени Интернационал